Connect with us

Коло Муани во „пет до 12“ потпиша за ПСЖ

По сите перипетии, францускиот шампион Пари Сен Жермен сепак успеа да го ангажира напаѓачот Рандал Коло Муани од Ајнтрахт Франкфурт. Двата тима водеа долги и исцрпувачки преговори, а на крајот Германците се согласија да ја продадат својата ѕвезда на францускиот гигант за 75 милиони евра и уште 15 милиони бонуси.


Договорот беше доведен во прашање до последен момент поради неподготвеноста на Хуго Екитике да се пресели во Ајнтрахт. Напаѓачот одби три понуди од „орлите“.

Сепак, Коло Муани беше категоричен дека сака да игра само во ПСЖ и тоа се покажа пресудно. Тој потпиша договор со новиот клуб до 2028 година.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови