Раководството на АП Брера Струмица одлучи за генерален директор да го назначи Јован Симиќ од Белград, соседна Србија, кој со своето искуство треба да придонесе за подигнување на стандардите во клубот на организациски, логистички, но и резултатски план.
Симиќ има повеќегодишно искуство на фудбалски план во Србија. Го има основано клубот „Миљаковац“ а претходно работеше во Вождовац. Во својата кариера бил член на Олимпискиот комитет Србија, но и на Фудбалскиот сојуз на Белград, при што стекнува искуство и за УЕФА натпреварите.
„Кога ќе стигне покана од Горан Пандев, не прашувате ништо друго освен за колку време треба да дојдам. Драго ми е што Горан и останатите сопственици, семејството Алеоти препознаа во мене, некој што ќе може овој комплексен проект, кој расте секој ден, да го надгради за да стане подобар. Клубот е стабилен, има добра сопственичка структура, одлични ресурси и луѓе кои работат овде и сакаме сето тоа да го професионализираме, но и да ги подигнеме стандардите во македонскиот фудбал како на организациски и логистички, така и на резултатски план. Доаѓам во клуб кој во моментов е на врвот од табелата и се надевам дека ќе продолжиме со добри резултати. Клубот има огромен потенцијал и сметам дека не само во Македонија туку и во регионот може да стане уште попрепознатлив, подигнувајки го нивото на работа во секоја смисла“, изјави Симиќ кој денеска од претседателот на клубот Горан Пандев доби дрес од Брера.
Јован Симиќ подвлече дека се радува што ќе работи во Струмица во средина каде има позитивна енергија и луѓе жедни за високи резултати и нова ера во мак фудбалот.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski