Connect with us

ПСЖ во фотофиниш ќе го купи Рандал Коло Муани

Германскиот бундеслигаш Ајнтрахт Франкфурт ќе го продаде Рандал Коло Муани на Пари Сен Жермен за 90 милиони евра. Оваа информација ја донесе „Радио Монте Карло“, а потоа ја потврди и „Л’Екип“.


Сѐ треба да биде реалзирано до крајот на летниот преоден рок, а францускиот репрезентативен напаѓач ќе стане дел од тимот на ПСЖ.


Пред два дена, Коло Муани одби да тренира со германскиот тим откако беше одбиена понудата од 80 милиони евра.


Тогаш ПСЖ се обиде со понуда од 65 милиони, плус Хуго Екитике. На крајот, Ајнтрахт ќе ја прифати понудата за 75+15 милиони евра.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови