Манчестер Јунајтед и Фиорентина постигнале договор за трансферот на Софијан Амрабат. Параметрите на зделката се уште не се јасни, но се верува дека Мароканецот ќе пристигне на „Олд Трафорд“ на позајмица до крајот на сезоната со фиксна откупна клаузула следното лето, а се споменува сума од 25 милиони евра.
Мароканецот кон крајот на минатата сезона ја истакна својата дефинитивна желба да игра под водство на Ерик тен Хаг, со кој веќе соработуваа во Холандија. Тој наводно одбил голем број други понуди за повторно обединување со својот поранешен ментор во 20-кратниот шампион на Англија.
Во текот на денешниот ден се очекува Амрабат да отпатува на Островот каде ќе ги помине медицинските прегледи и ќе го потпише договорот. Тој веќе подолг период има договор за неговите лични услови и само недостигот на договор меѓу двата тима го одложуваше трансферот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
КЛ: Мајнц со пресврт ја победи Фиорентина













