Connect with us

Челси го купи талентот на Манчестер Сити

Челси го доведе младиот офанзивен играч за врска на Манчестер Сити, Кол Палмер. Клубот од Лондон ќе ја платат сумата од 40 милиони фунти плус можни бонуси за 21-годишниот талентиран Англичанец.


Палмер, кој е тинејџер на Манчестер Сити, потпиша долгорочен договор со Челси до 2030 година, со опција за продолжување на договорот.

Младиот фудбалер добро ја започна сезоната за „граѓаните“, постигнувајќи два гола на три меча – во финалето за „Комунити Шилд“ со Арсенал и во мечот за Суперкупот на Европа против Севилја.

Минатата сезона, тој одигра 25 натпревари за Манчестер Сити, постигнувајќи еден гол и една асистенција. Палмер имаше и 13 настапи и четири гола за селекцијата на Англија до 21 година, која го освои Европското првенство ова лето.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови