
Тиквеш го доживеа првиот пораз откако на домашен терен загуби од Шкендија со 1-2. Но, домаќините се незадоволни од судењето на судијата Димитар Пилешков. Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, истакна дека Тиквеш ќе побара од ФФМ тој веќе да не суди натпревари во Првата лига.
„Пред сѐ големи честитки до сите играчи и раководството на ГФК Тиквеш. Ова беше еден борбен натпревар во кој покажавме дека нашите играчи се подготвени за понатамошни победнички натпревари. Честитки и до противникот ФК Шкендија за денешната победа.
Но, она што остави белег на денешниот натпревар е катастрофалното судење на судијата Димитар Пилешков кој дефинитивно не заслужува да суди во Првата фудбалска лига. Управата на ГФК Тиквеш ќе побара од Фудбалската федерација овој судија во иднина да не биде присутен на натпреварите од Првата фудбалска лига“, изјави Митко Јанчев.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal