
Шкендија го победи Тиквеш со 1-2 и го сопре чекорот на Тиквеш. Ералдо Чинари во 23.минута го отвори резултатот, а Дашмир Елези во 37.минута зголеми на 0-2. Даниел Мојсов намали на истекот на првиот дел, но бодовите одат за Тетово.
Шкупи во својот прв меч на Чаир оваа сезона, не успеа да го победи Силес играјќи 1-1.Пинтер го доведе Шкупи во водство во 45.минута, но Силекс израмни во 77.минута од дуелот преку Марко Ѓорѓиевски. Домаќините реагираа и бараа офсајд, но, сепак, голот беше признат.
Работнички славеше во скопската пресметка против Македонија ЃП со 1-0. Крсте Велкоски во 21.минута постигна прекрасен гол од слободен удар и го реши победникот.

Воска го победи Вардар во Охрид со 3-2. Ален Јашароски постигна хет-трик, а вардарци намалија на крајот со головите на Глишиќ и на Цветаноски.
Брегалница го победи Гостивар со 2-1. Венегас од пенал во десеттата минута и Вебстер во 78.минута стрелаа за штипскиот тим, а гостиварци погодија во финишот преку Селмани.
Третото коло ќе биде заокружено утре, со натпреварот меѓу Струга Трим Лум и АП Брера.
ПРВА ЛИГА, 3. КОЛО – РЕЗУЛТАТИ
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА 1-2
ВОСКА – ВАРДАР 3-2
БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР 2-1
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП 1-0
ШКУПИ – СИЛЕКС 1-1
УТРЕ: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
