
Шкендија имаше „принудна пауза“ минатиот викенд поради одложениот меч со Струга ТЛ, а денеска гостува кај Тиквеш во Кавадарци. Тимот на Ѓорѓи Мојсов имаше одличен старт на шампионатот и собра шест бода по победите над Македонија ЃП и над Гостивар.
Шкендија има план да го расипе перфектниот старт на кавадаречкиот тим, а тоа го потврдува дефанзивецот Клисман Цаке.
„Се враќаме на првенствените искушенија по една недела пауза. Атмосферата во тимот е одлична и Шкендија секогаш оди на победа. Тиквеш има одличен старт на сезоната, но тоа не менува ништо во нашиот приод, ние сакаме да ги освоиме трите бода во Кавадарци“, изјави Клисман Цаке.
Во Охрид дуел ќе имаат двете екипи кои досега забележаа два порази, Воска и Вардар.
Работнички сака да им се врати на победите и ќе ја пречека Македонија ЃП, а Шкупи на Чаир е фаворит против Силекс.
Брегалница се надева на триумф во Штип против новиот прволигаш Гостивар.
Утре колото го заокружуваат Струга ТЛ и Брера.
ДВОЈКИ ПРВА ЛИГА, 3. КОЛО (денеска, 17 часот)
ТИКВЕШ – ШКЕНДИЈА
ВОСКА – ВАРДАР
БРЕГАЛНИЦА – ГОСТИВАР
РАБОТНИЧКИ – МАКЕДОНИЈА ЃП
ШКУПИ – СИЛЕКС
УТРЕ: СТРУГА ТЛ – АП БРЕРА

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal