Хрватскиот првак Динамо Загреб беше толку блиску до пласман во плеј-офот за ЛШ, но прими два гола во судиското продолжение и на крајот со реми (2-2) е елиминиран од АЕК, откако првиот меч во Загре заврши со резултат 1-2 за грчкиот тим.
Динамо Загреб имаше водство од 0-2 на реваншот и беше на прагот на пласман понатаму, со головите на Шутало и на Љубичиќ.
Сепак, АЕК фрли сѐ на една карта, тргна во напад, по што Араухо во 92.минута намали на 1-2, а во 99.минута беше досуден пенал за грчкиот тим.
Ливаковиќ го одрани шутот од 11 метри, но топката се одби кај хрватскиот интернационалец Домагој Вида, кој во 100.минута ја затресе мрежата на својот поранешен клуб и го елиминира од ЛШ.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум ја одбрани шампионската титула, Шкендија мина втора низ целта и ќе...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на сезоната: Буњамин Шабани (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум ја одбрани титулата во македонскиот шампионат. Клучна се покажа победата против...
Автор makfudbal