
Ливерпул ја оствари првата победа во новата сезона од Премиер – лигата откако славеше на домашен терен против Борнмут со 3-1. И покрај тоа што „црвените“ играа со фудбалер помалку од 58.минута поради исклучувањето на Мекалистер, сепак, стигнаа до триумф.
Семенјо во третата минута донесе водство за Борнмут, но израмни Луис Дијаз во 28.минута. Мохамед Салах во 36.минута се погрижи за пресврт, откако погоди од одбиена топка по нереализиран пенал.
Мекалистер беше исклучен поради груб старт во 58.минута, а само четири минути подоцна Диого Жота зголеми на 3-1.
Брентфорд на гости го победи Фулам со 0-3, со двата гола на Мбеумо и погодокот на Виса.
Брајтон го совлада Вулверхемптон на гости со 1-4. Марч беше двоен стрелец, а реализираа и Митома и Еступињан.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Талески: Брера не смееме да ја потцениме

Евро-фудбал
Тотенхем тргнува по Морган Роџерс

Евро-фудбал
Даглас Луис го засили Нотингем Форест

Евро-фудбал
Немања Матиќ се враќа во Серија А

Евро-фудбал
Баерн Минхен ќе го купи Џејдон Санчо?

Интернационалци
„Билд“: Лајпциг бара 20 милиони евра за продажба на Елмас

Прва лига
Шкендија се засили со Атдхе Мазари
