Connect with us

Митровиќ одлета за Саудиска Арабија на потпис со Ал-Хилал

Александар Митровиќ во наредните денови ќе стане нов играч на Ал-Хилал од Саудиска Арабија. Тој ќе потпише тригодишен договор со најтрофејниот клуб во оваа земја и ќе му се придружи на сограчот од репрезентацијата Сергеј Милинковиќ Савиќ, како и на бразилската ѕвезда Нејмар.

Митровиќ синоќа од Лондон преку Париз тргна кон Ријад.

Фулам пред два дена дефинитивно ја прифати понудата на Ал-Хилал, англискиот клуб ќе инкасира околу 60 милиони долари, а Александар Митровиќ кога ќе го заврши тригодишниот договор ќе биде побогат за 75 милиони долари со богати бонуси за постигнати голови.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови