
Спортскиот директор на Вардар, Александар Бајевски, поднесе оставка. Тој беше дел од најтрофејниот клуб во изминатите две години, со натчовечки напори и реално без доволно финансии, успеа со стручниот штаб да го врати Вардар во елитата, а сега се повлекува.
„Сакам да ја известам целата спортска јавност и армијата Вардарови навивачи дека од денес повеќе нема да ја извршувам функцијата спортски директор на Вардар. Благодарен сум на најголемиот спортски бренд во државата што ми даде шанса и доверба да го водам спортскиот дел на клубот изминативе две години. Чест ми е што бев тука кога беше најтешко и што бев дел од црвено-црното семејство кое со натчовечки напори успеа во “невозможната цел” да се врати таму каде што припаѓа. Се заблагодарувам на сите играчи, тренери и вработени во клубот со кои соработував. Никој никогаш нема да може да ја избрише нашата посветеност и приврзаност преку која заеднички поминувавме преку сите препреки кои ги имавме. Порака за навивачите да продолжат да бидат со и покрај клубот во добро и лошо. Вардар е еден и единствен! Од денес продолжувам да бидам најголем навивач на клубот во кој го поминав најголемиот дел од мојот живот. До следна прилика, во некои подобри времиња…“, истакна Бајевски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Прва лига
Работнички поразен од Партизани Тирана

Евро-фудбал
Лајпциг го претстави Оле Вернер за нов тренер

Евро-фудбал
Милош Керкез е најновото засилување на Ливерпул

Интернационалци
Југослав Тренчовски го презеде кормилото на словенечки Радомље

Интернационалци
Марко Ѓорѓиевски почна да стрела за Клуж
