Голманот на Пари Сен Жермен, Серхио Рико, излезе од болница, речиси три месеци по страшната несреќа кога падна од коњ и за малку ќе го загубеше животот. Тој имаше мозочен удар, неколку дена беше во кома, но сега се чувствува многу подобро и заминува на домашно лекување.
Шпанскиот чувар на мрежата беше хоспитализиран на 28. мај откако претрпе тешка повреда на мозокот. После неколку дена во кома, голманот на 5. јули беше отпуштен од одделот за интензивна нега.
Серхио Рико е член на ПСЖ од 2019 година, а за клубот одигра 24 натпревари. Претходно настапуваше за Севилја со која освои два трофеи во Лига Европа.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













