Голманот на Реал Мадрид, Тибо Куртоа, денеска е успешно опериран откако ги скина предните вкрстени лигаменти на левото колено, соопшти „кралскиот клуб“.
Куртоа се повреди пред една недела на тренинг и неговото долго отсуство го принуди Реал Мадрид да го донесе Капа Аризабалага на позајмица од Челси.
Ваквите повреди обично значат најмалку осум до девет месеци пауза.
По белгискиот голман, наскоро на операција ќе мора да оди и бразилскиот дефанзивец Едер Милитао, кој ја заработи истата повреда во саботата против Атлетик Билбао.
Младиот играч за врска Арда Ѓулер исто така беше успешно опериран во понеделникот поради повреда на менискусот на десното колено. Тој треба да биде надвор од терените околу два месеци.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













