Connect with us

Струга ТЛ сака плејоф во КЛ…Шабани: Подготвени сме за предизвикот!

Македонскиот првак Струга Трим Лум вечерва (20 часот) во Луксембург ќе се бори да испише нова клупска историја и да се пласира во плеј-оф рундата од Конференциската лига. Противник е Есперанж кој од Скопје си замина со негатива од два гола (3-1).


Тренерот Шпетим Дуро напомена дека стружани не смеат да размислуваат за бранење на предноста, туку да одиграат квалитетен меч, а капитенот Буњамин Шабани истакна дека тимот е подготвен за надигрување.

„Како што истакна и нашиот тренер Шпетим Диро, веќе го заборавивме првиот натпревар, максимално сме фокусирани на денешниот втор дуел и знаеме дека имаме работа со многу квалитетен противник. Ќе дадеме сѐ од себе, ќе се потрудиме да ги исполниме неговите замисли во тактичкиот дел и се надеваме дека ќе продолжиме со квалитетни игри на гости, како и досега во Европа. Имаме огромен мотив, не е мала работа да се оди во „плеј-оф“ во Конференциската лига, за секој фудбалер тоа е нешто многу големо и важно. Се надеваме дека успешно ќе го заокружиме овој двомеч“, изјави Буњамин Шабани.

Мечот меѓу Есперанж и Струга Трим Лум е закажан за 20 часот на „Стад де Луксембург“, а ќе го суди Метју де Габриеле од Малта.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови