Талентот на Барселона, Ансу Фати, одлучил да го напушти клубот. Според „АС“, причината за тоа е што напаѓачот сфатил дека Чави Хернандез нема да се потпира на него премногу и во новата сезона. Последен доказ за тоа беше мечот со Хетафе, на кој Ансу беше само четвртата замена што ја направи тренерот во 79. минута.
Пред него во игра се појавија фудбалери како Абде Езалзули и 16-годишниот Ламин Јамал.
Според „АС“, Фати веќе им кажал на своите агенти да бараат нов клуб за него, и покрај тоа што има договор со Каталонците на уште четири години со отштетна клаузула од една милијарда евра.
Медиумите на Островот тврдат дека интерес за него покажуваат неколку врвни клубови во Премиер – лигата, а се споменуваат Арсенал, Манчестер Јунајтед и Тотенхем.
Ансу има 20 години, тој дебитираше за првиот тим на Барселона на 16 години. Досега има забележано 110 настапи, со ефект од 29 гола и 10 асистенции.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













