
Ливерпул го договори капитенот на Штутгарт, Ватару Ендо. 30-годишниот Јапонец е дефанзивен играч за врска, но може да игра и како централен дефанзивец. „Црвените“ синоќа ги договорија личните услови на играчот, по што се договорија и со Штутгарт за зделка вредна 18 милиони евра.
Ендо веќе доби дозвола од германскиот клуб да отпатува за Ливерпул и тоа ќе го направи денеска за да ги помине медицинските прегледи.
Јирген Клоп конечно ќе добие дефанзивен играч за врска откако клубот не успеа да ги добие битките со Челзи за Моисес Каиседо и за Ромео Лавија. Сепак, навивачите на Ливерпул веројатно нема да бидат воодушевени што, по споменатите имиња, на кои им беа понудени 110 и 60 милиони фунти, изборот падна на 30-годишен играч од тимот кој минатата сезона се бореше за опстанок.
Во последната сезона, сепак, Јапонецот беше меѓу првите тројца играчи од средниот ред во Бундес-лигата во однос на статистиката за посед, додавања и одземени топки.
Според медиумите на Островот, Ливерпул во исто време ќе се обиде да привлече уште еден играч од средниот ред. „Скај Спортс“ тврди дека „црвените“ го обновиле интересот за Софијан Амрабат и веќе преговараат со Фиорентина за него. За него е заинтересиран и Манчестер Јунајтед.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Прва лига
Шкендија и Арсими ремизираа без голови

Евро-фудбал
Конте: Видов победнички дух во тимот

Евро-фудбал
Алегри: Не смееме да примаме толку лесни голови
