Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Благоја Милевски, утре ќе има соочување со членовите на Управниот одбор на ФФМ. Седницата на УО е закажана за 13 часот, а на дневен ред секако ќе биде анализата на резултатите од јунскиот квалификациски циклус, но и најновата информација од синоќа, дека капитенот Стефан Ристовски не е во добри односи со селекторот и порача дека нема да игра сѐ додека е тој на кормилото на националниот тим.
Атмосферата околу репрезентацијата секако не е најдобра, со оглед на поразот од Украина дома (2-3) и дебаклот од Англија (7-0) на гости.
Македонија на 9. септември ја очекува натпревар против Италија во Скопје, а три дена подоцна и гостински меч против Малта, во септемврискиот прозорец од квалификациите за ЕВРО 2024.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski