Струга Трим Лум го победи Есперанж со 3-1 на комплексот на ФФМ и има два гола предност пред реваншот во Луксембург. Стружани се на доар пат да го прескокнат и третото квалификациско коло во Конференциската лига и да се пласираат во плеј-фот за пласман во групната фаза.
Тренерот Шпетим Дуро е задоволен од победата, но потсети дека тимот мора да остане мобилен затоа што следи реванш.
„Заслужено победивме, во целост бевме подобар тим од Есперанж. Во првото полувреме бевме многу подобри и создадовме предност од два гола, а имавме мал пад на почетокот на вториот дел. Сепак, потоа успеавме повторно да го подигнеме нивото и стигнавме до заслужен триумф. Сепак, ништо не е готово, затоа што не очекува уште еден натпревар во Луксембург“, изјави Шпетим Дуро.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













