
Шкупи доведе уште еден странски фудбалер за да го засили нападот. Станува збор за 29-годишниот Бразилец Нилтон Соарес Родригес (Нилтињо), кој до неодамна беше дел од Валета во првенството на Малта. Во на кариерата има настапувано за клубови како Сао Каетано, Паначаики, Наутико, Понте Прета, Чавес, Атлетико Го, Чапаекоенсе.
„Се чувствувам многу добро, сите овде ми приредија многу позитивен прием, исто така и фудбалерите ме примија одлично! Дојдов овде да го засилам тимот кој е веќе многу квалитетен. Очекувањата се многу големи, клубот има свои цели и ќе се обидеме да ги оствариме со работа, посветеност. Се надевам дека заедно со навивачите ќе ги славиме нашите достигнувања“, изјави Нилтињо, кој потпиша едногодишен договор.
Нилтињо најчесто игра на десната крилна позиција, но може добро да се снајде и како лево крило.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
