Македонскиот прволигаш Шкупи се засили со младинскиот репрезентативец Луан Абази. Тој треба да ја засили конкуренцијата во нападот по заминувањето на Реналдо Цефас во Анкарагучу. Абази доаѓа на позајмица од Вил.
„Гледајќи ја сериозноста на раководството, задоволен сум од моето доаѓање во Шкупи. За време на мојот престој во селекцијата на Македонија до 21 година, некои од колегите кои се дел од ФК Шкупи ми кажаа за плановите и амбициите на клубот. Затоа се надевам дека ќе му помогнам клубот на крајот од сезоната да биде шампион и да стигне што подалеку во европските купови“, изјави Абази.
Луан Абази има двојно државјанство, швајцарско и македонско. Абази дебитираше за швајцарската репрезентација до 17 години, а потоа настапуваше за селекциите на Македонија до 18, 19 и до 21 година.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













