
Македонскиот првак Струга Трим Лум утре (17 часот) го пречекува Есперанж на комплексот на ФФМ во првиот меч од третото коло во Конференциската лига. Тренерот Шпетим Дуро вели дека тимот е подготвен за новиот дуел, а противникот воопшто не е наивен иако доаѓа од Луксембург.
„Знаеме дека пред нас е историска шанса за клубот да се пласираме во плеј-офот од ова европско натпреварување. Мотивацијата е максимална, секој меч е нов предизвик, посебно што ние сме млада екипа. Го анализиравме тимот на Есперанж, тие се квалитетен тим, со фудбалери кои доаѓаат од околните земји на Луксембург и играат навистина добар фудбал. Далеку од тоа дека ќе ги потцениме. Секако дека сакаме да играме во групната фаза на Конференциската лига, но долг е патот дотаму“, изјави тренерот на Струга ТЛ, Шпетим Дуро.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal
