Connect with us

Ди Лоренцо останува во Наполи до 2029 година

Претседателот на Наполи, Аурелио Де Лаурентис потврди дека капитенот на тимот, Џовани Ди Лоренцо, потпишал нов долгорочен договор до 2029 година.


29-годишниот италијански дефанзивец беше клучен дел од тимот кој минатата сезона ја освои титулата во Серија А.


По пристигнувањето во 2019 година од Емполи, Ди Лоренцо постепено се здоби со лидерска улога и минатата година стана капитен на „наполитанците“.


„Нашиот капитен го обнови договорот до 2029 година“, изјави Де Лаурентис.


„Ви благодарам за довербата. Многу ми значи. Им благодарам и на моите соиграчи, бидејќи до ова обновување дојде благодарение на нив, бидејќи сите ние заедно сме еден тим“, истакна Ди Лоренцо.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови