Трансферот на Јошко Гвардиол во Манчестер Сити стана комплициран откако изгледаше како завршена работа. Актуелниот европски и англиски шампион моментно не може да се договори со Лајпциг за обештетувањето на младиот хрватски стопер, а Германците му порачаа на Сити дека ќе треба да им платат фиксна сума од 100 милиони евра доколку сакаат да го доведат.
Лајпциг нема финансиски проблеми откако ги продаде Доминик Шобошлаи на Ливерпул и Кристофер Нкунку во Челси за високи суми и би сакал да го задржи Гвардиол уште една сезона.
Германскиот клуб е подготвен да го продаде Гвардиол само доколку по доведувањето на замената за хрватскиот репрезентативец би му останале најмалку 50 милиони евра од тој трансфер. Негова примарна цел е Лутшарел Гертруда од Феенорд, за кого холандскиот шампион бара 46 милиони евра.
Јошко Гвардиол е очаен да го комплтира трансферот во Манчестер Сити за да работи со Пеп Гвардиола, кој наводно е многу фрустриран и полека го губи трпението бидејќи неговиот клуб сè уште не ги исполнил барањата на Лајпциг.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
ПСЖ сака да го купи Упамекано од Баерн
Евро-фудбал
Спартак Москва се раздели со Дејан Станковиќ
Евро-фудбал
Ливерпул го купува Бастони за 100 милиони евра
Млади репрезентации
Македонија У21 во Охрид ќе се подготвува за дуелите со Шведска и со Полска
Евро-фудбал
Конте: Не сакам да водам „мртов тим“













