Поранешниот фудбалер на Вардар, Филип Стојчевски е најновото засилување на Брегалница за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига.
24-годишниот Стојчевски, кој игра како последен фудбалер за врска, треба да биде сериозно засилување за средниот ред на „сините“ во новата сезона.
Стојчевски има повеќе од сериозно домашно прволигашко искуство настапувајќи за Металург, Вардар, Македонија ЃП, Работнички и Ренова, а изминатава сезона настапуваше за Силекс од каде сега доаѓа во редовите на Брегалница. Зад своето име во кариерата има и интернационално искуство настапувајќи за грузискиот прволигаш Сиони.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













