Македонскиот првак Струга Трим Лум му гостува на Жалгирис во Вилнус во првиот меч од воведното квалификациско коло во Лигата на шампионите. За стружани тоа ќе биде дебитантски настап во европската елита, и токму поради поголемото искуство, ривалот Жалгирис ја има улогата на фаворит.
„Ова е историски момент за Струга ТЛ, а ние сме горди што ќе играме во квалификациите во Лигата на Шампионите. Овој клуб постои само осум години и стигна до вакви успеси. Жалгирис е фаворит, пред сѐ поради искуството на играње на вакви мечеви во квалификациите во Лигата на шампионите. Но, далеку од тоа дека Струга ТЛ нема свои амбиции и квалитет за да ги оствари. Денеска сакаме да останеме непоразени, а патникот во следното коло ќе биде одлучен на реваншот кој ќе се игра во Охрид. Верувам дека сме добро подготвени и дека ќе оствариме добар резултат“, вели тренерот на Струга ТЛ, Шпетим Дуро.
Мечот меѓу Жалгирис и Струга Трим Лум ќе се игра од 18 часот на „ЛФФ“ стадионот во Вилнус, а ќе има ТВ пренос на МРТ.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski