
Францускиот шампион ПСЖ го продаде аргентинскиот напаѓач Мауро Икарди на турскиот клуб Галатасарај. Зделката е договорена за 10 милиони евра, а Аргентинецот ќе потпише повеќегодишен договор со турскиот гигант.
Мауро Икарди наскоро и официјално ќе стане нов играч на Галатасарај. Турскиот шампион се договори со ПСЖ за доведување на аргентинскиот напаѓач, кој ќе продолжи да го носи дресот на гигантот од Истанбул.
Аргентинецот минатата сезона ја мина на позајмица во тимот од Истанбул. Блескаше на теренот и го предводеше тимот на Галата во турскиот шампионат со 23 гола во 26 настапи за клубот.
Во изминатиот период тој беше поврзуван со екипи од Саудиска Арабија и од Италија. Сепак, на крајот реши да се врати во Галата каде стана икона на тимот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
