
Една од најдобрите светски фудбалерки во последната деценија, Меган Рапино, на крајот на сезоната ќе ја заврши професионалната кариера, најави 38-годишната Американка неколку дена пред да замине со репрезентацијата на САД на претстојното Светско првенство за жени во Австралија и Нов Зеланд.
Мундијалот започнува на 20 јули.
Ова ќе биде четврто Светско првенство за Рапино.
„Многу сум благодарна што сум тука, што ја имам довербата на тимот, а телото сѐ уште ми дозволува да играм фудбал“, изјави Меган Рапино.
Таа е највозрасната фудбалерка во репрезентацијата на САД, која ќе брка трета светска титула по ред. Американките ќе се соочат со Велс во пријателски натпревар в недела во Сан Хозе, Калифорнија.
Предводник на селекцијата на САД е македонскиот стратег Влатко Андоновски.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Почна новата сезона во Првата фудбалска лига, а фаворитите веднаш се наметнаа со убедливи...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Димитар Данев (Вардар)
Вардар убедливо го совлада Пелистер (4-1) во вечното дерби, а неверојатно првенствено деби за...
Автор makfudbal

Женски фудбал
Прва ЖФЛ: Гостинките славеа на сите четири натпревари
