
Јувентус и Интер се борат за играчот од средниот ред на Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Двата италијански гиганти имале преговори со римскиот клуб, но не се подготвени да дадат 40 милиони евра колку што бараат „лацијалите“.
Српскиот играч за врска има уште една година договор со Лацио и тешко дека ќе го продолжи договорот. Токму поради оваа причина Јуве и Интер веруваат дека неговата пазарна цена треба да биде пониска.
„Скај Спорт Италија“ пишува дека двата клуба засега се повлекле од преговорите со Римјаните. Како што е познато, „нероаѕурите“ го доведоа Давиде Фратези, а „бјанконерите“ со нов договор го задржаа Адриен Рабио.
И Наполи и Милан ја следат ситуацијата Милинковиќ-Савиќ и имаат интерес за него, но исто така сметаат дека 40 милиони евра се премногу за играч со уште една година од актуелниот договор. Единствениот клуб кој е подготвен да ги даде овие пари е од Саудиска Арабија, но Србинот не се согласува на таква опција.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Кристијан Киву е нов тренер на Интер

Евро-фудбал
Хојлунд нема намера да го напушти „Олд Трафорд“
