
Милан размислува да му понуди нов договор на ветеранот Симон Кјаер. Актуелниот договор на Данецот е до летото 2024 година, но „росонерите“ се подготвени да го продолжат за уште една година до 2025 година.
34-годишниот дефанзивец беше донесен во Милан во јануари 2020 година, прво на позајмица од Севилја, а потоа клубот ги откупи неговите права за 3,68 милиони евра.
Данецот брзо се наметна како лидер во одбраната на тимот и досега одигра 96 натпревари во сите натпреварувања.
Самиот Кјаер сака да ја заврши кариерата во Милан, па сигурно би бил среќен со ваква понуда од газдите.
„Сакам да ја завршам кариерата овде, ова е клубот за кој секогаш сонував“, изјави неодамна Кјаер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
