
Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, почнува да го губи трпението со раководството на клубот. Италијанецот продолжува да инсистира на доведување на врвен напаѓач кој ќе го заземе местото на Карим Бензема, но се чини дека таков нема да пристигне летово, пишува „Мундо Депортиво“.
Анчелоти се надеваше дека Реал Мадрид ќе успее да го ангажира Хари Кејн во овој преоден рок. Сепак, „кралевите“ не сакаат да платат над 100 милиони евра за уште еден нов играч откако претходно го доведоа Џуд Белингем.
Единствениот за кого Реал Мадрид би платил големи пари е Килијан Мбапе, но во оваа фаза и неговото доаѓање е „паузирано“.
Во моментов раководните фактори на „Сантијаго Бернабеу“ сметаат дека тренерот мора да се задоволи со играчите кои ги има на располагање. Реал Мадрид досега се засили со ангажирање на ветеранот Хоселу од Еспањол на позајмица.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
