
Манчестер Сити е во завршна фаза од преговорите со Лајпциг за трансферот на Јошко Гвардиол. Тоа го потврди и директорот на германскиот клуб Еберл кој јавно кажа дека преговорите се при крај.
„Преговараме со Сити и можам да потврдам дека агентите на Јошко нѐ известија за неговата желба да замине во Манчестер. Цената е 100 милиони евра и бонуси, а откако ќе добиеме таква понуда, Гвардиол ќе биде во рацете на Пеп. Во исто време, Гвардиол ќе стане најплатениот дефанзивец во историјата на фудбалот“, изјави Макс Еберл.
Во исто време се појавија информации дека Сити понудил 90 милиони евра, што е само 10 милиони од сумата што ја бара Лајпциг, па наскоро се очекува конечен договор.
Хрватот ќе биде замена за Ајмерик Лапорт кој си заминува од клубот, а не е исклучено да замине и Кајл Вокер.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум и Силекс имаат максимален ефект по четири кола, Вардар очекувано го...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга Трим Лум најави дека ќе се врати посилна оваа сезона и засега тој...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)

Евро-фудбал
ПСЖ на крилата на Баркола го среди Ленс (ВИДЕО)
