Connect with us

„Марка“: Реал Мадрид не може да си го дозволи Мбапе ова лето

Уште една година името на Килијан Мбапе е во фокусот на медиумите за време на летниот преоден рок. Францускиот напаѓач повторно ги разбранува духовите откако објави дека нема да потпише нов договор со Пари Сен Жермен.


Актуелниот договор на 24-годишниот фудбалер е за уште една година, но газдите на францускиот шампион сакаат да го продадат сега, за да не го пуштат без пари следната година, откако на Монако му платија 180 милиони евра во 2018 година. И повторно се зборуваше дека Мбапе би можел да се упати во правец на Реал Мадрид, кој долго време е заинтересиран за него.

Сепак, според „Марка“, тоа не може да се случи ова лето поради превисоката цена и преголемите финансиски барања на фудбалерот.

Само газдите на ПСЖ знаат каква цена ќе му постават на Мбапе, а таа сигурно ќе биде над 100 милиони евра. Сепак, таа е помалиот проблем. Се очекува напаѓачот да бара многу пари за себе, а сумата би можела да достигне и до 240 милиони евра. Ова ги вклучува и платата што ќе ја добива во неговиот нов клуб, големиот бонус за потпис, други бонуси за имиџ права…

Со оглед на тоа, Реал Мадрид на ниту еден начин не може да си дозволи да го доведе Килијан Мбапе ова лето. „Кралевите“ ќе се надеваат дека играчот нема да се пресели во друг клуб и евентуално ќе се обиде да потпише преддоговор со него како слободен играч во јануари 2024 година.

На „Сантијаго Бернабеу“ продолжуваат да бараат други опции за да го засилат нападот. Клубот сигурно ќе донесе нов напаѓач по заминувањето на Карим Бензема, но во оваа фаза не е јасно кој ќе биде тоа.

Мадриѓаните разговараат со неколку имиња, но сѐ уште не е донесена конечна одлука.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови