
Саудискиот клуб Ал-Наср продолжува да дели понуди до големите ѕвезди на европскиот фудбал. Следен е Давид де Хеа, на кого му истече договорот со Манчестер Јунајтед.
Според информациите, клубот на Кристијано Роналдо е подготвен да му понуди на Де Хеа неделна плата од 250.000 фунти и повторно да го направи соиграч на големата португалска ѕвезда.
Ал-Наср исто така размислува и за голманот на Севилја, Јасин Бону. Шпанскиот клуб беше подготвен за договор, но голманот одговори дека не е заинтересиран.
Ал-Наср веќе го ангажираше асот на Интер, Марсело Брозовиќ, кој набрзо треба и официјално да биде најавен како ново засилување на тимот, кој минатата сезона заврши на второто место во домашната лига и сега раководството на клубот е амбициозно да ја освои титулата со овие големи засилувања.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс го доби дербито против Струга ТЛ и се врати во ритам во трка...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Александар Васоски (Силекс)
Силекс загуби од Вардар на арената „Тодор Проески“ во четвртфиналето на Купот, но потоа...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Баерн го продава Кингсли Коман
