
Трансферот на Марсело Брозовиќ од Ал-Наср во Интер доживеа уште еден пресврт, а разговорите меѓу двата клуба се прекинати.
Досега се веруваше дека Брозовиќ сепак ќе се пресели во саудискиот клуб. Уште минатата недела Ал-Наер се договори со Интер за трансферната сума од 23 милиони евра. Потоа, Арапите наидоа на потешкотии во преговорите со играчот од средниот ред, кој бараше 30 милиони евра годишна плата наместо предложените 20 милиони. На крајот играчот се согласи на тригодишен договор со вкупна плата од околу 100 милиони евра за целиот период.
Сепак, ова не беше последното поглавје од оваа сага. Преговорите меѓу „нероаѕурите“ и Ал-Наср се замрзнати затоа што саудискиот клуб побарал да се сменат условите од зделката меѓу двата клуба.
Се обиде да ја спушти сумата од 23 милиони евра на 15 милиони, плус бонуси. Притоа, почетната рата би била само 13 милиони евра. Интер ја одбил оваа промена и тоа доведе до колапс на преговорите.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА

Евро-фудбал
Модриќ е херојот на Милан (ВИДЕО)
