Најтрофејниот македонски фудбалски клуб Вардар денес ги стартува подготовките за новата сезона. Првиот собир „црвено-црните“ ќе го имаат на арената „Тодор Проески“, што е веројатно и најава дека клубот повторно ќе игра на нашиот најголем стадион.
„Ве известуваме и ве каниме денес во 18:00 часот на првата прозивка и тренинг на нашиот Вардар, на Градски Стадион (Северо-источен службен влез). По долго време се враќаме во нашиот дом, и повторно како некогаш го враќаме сјајот на најголемиот и најсаканиот македонски фудбалски бренд.
Вардар е клуб на народот, така било, така ќе биде секогаш, но овојпат тоа ќе биде и формално. Отворен клуб кој ќе функционира транспарентно, и ќе биде достапен за сите свои навивачи, јавноста и се разбира народот… Повелете, клубот на народот ве очекува“, стои во објавата на клубот.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













