
Тотенхем и официјално го објави трансферот на Гиљермо Викарио од Емполи, кој ќе биде новиот голман на лондончани. Договорот на Италијанецот е на пет години, а Тотенхем на италијанскиот клуб ќе му исплатат 20 милиони евра, плус бонуси.
Платата на 26-годишниот чувар ќе биде во износ од 2,5 милиони по сезона. Тој ќе брани во Тотенхем во дресот со број „13“.
Викарио минатата сезона одигра 32 натпревари за Емполи и прими вкупно 41 гол. Добрите настапи му донесе и прв повик во репрезентацијата на Италија.
Актуелниот голман на Тотенхем, Хуго Лорис, има уште една година под договор, но неодамна откри дека најверојатно ќе замине ова лето по 11 години во тимот од Лондон.
Ciao, Guglielmo 🧤 pic.twitter.com/60DFTCviOJ
— Tottenham Hotspur (@SpursOfficial) June 27, 2023

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум го задржа врвот на табелата по деветтото коло откако одигра 2-2...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бобан Грнчаров (Македонија ЃП)
Македонија ЃП оствари убедлив триумф над Арсими (4-1) и се придвижи кон средишниот дел...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Роналдо: Сѐ поблиску сме до Мундијалот

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора

Млади репрезентации
Македонија У21 загуби од Црна Гора
