
Македонската фудбалска колонија на Кипар би можела ова лето да се зголеми и со Илија Несторовски. Искусниот напаѓач заминува од Удинезе и во моментов размислува дали да остане во Италија или да се пресели на Кипар. Оттаму му пристигна интересна понуда од АПОЕЛ.
Нестор-гол е на крстопат и ги разгледува понудите и од Палермо, Венеција и од Сампдорија. Набрзо треба да биде познато каде ќе ја продолжи кариерата.
Тој од 2016 до 2019 година го носеше дресот на Палермо, а потоа се пресели во Удинезе.
Кариерата ја почна во Победа, играше за Словачко и за Викторија Жижков, а потоа се врати во Металург. Оттаму замина за Интер Запрешиќ и имаше метеорско вивнување кон Палермо.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Струга Трим Лум оствари важен триумф против Работнички на Националната арена „Тодор Проески“ и...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Јас би ја казнил Шкендија 59 меча да игра без публика!
Трагедијата во Кочани се случи, сигурно дека можеше да се превенира, но со оглед...
Автор Nikola Gjurovski