Илкај Гундоган одлучи да се пресели на „Камп Ноу“. Новиот играч за врска на Барселона телефонски му соопштил на Пеп Гвардиола дека нема да остане во Сити и признава дека му било многу тешко да го стори тоа, бидејќи има одлични односи со шпанскиот стручњак.
Пеп до крајот се надевал дека Гундоган би може да остане на „Итихад“.
„Најтешкиот телефонски повик што го имав беше кога морав да му кажам на Пеп дека заминувам. Сѐ што можев да направам е да му се заблагодарам, не само за оваа сезона туку и за сѐ што направи за мене“, изјави Гундоган.
„Никогаш нема да заборавам кога го повредив коленото на крајот од сезоната со Боруисија Дортмунд во 2016 година и морав да одам на операција. Бев загрижен дека Сити ќе се откаже од мојот трансфер, но тогаш Пеп ми се јави и ми рече дека ќе чека за опоравување колку што е потребно и нема да се откаже од мене. Мислам дека Пеп се надеваше дека заедно ќе го напуштиме Сити, но знам дека ја разбира мојата одлука. Сигурен сум дека помага и фактот што одам во неговиот омилен клуб“, истакна германскиот интернационалец.
Гундоган би требало да и се приклучи на Барселона за две недели кога каталонскиот клуб ќе ги започне подготовките за новата сезона.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













