Голманот на ПСЖ, Серхио Рико, е сѐ подобар откако се разбудил од кома, потврди неговата сопруга за шпанскиот медиум „Телечинко“.
Серхио Рико беше во кома три недели по несреќата на јавање во шпанската провинција Андалузија. Потоа во тешка состојба беше префрлен во болница, а лекарите едвај успеале да му го спасат животот.
„Го гледаме светлото на крајот од тунелот. Одиме чекор по чекор. Од самиот почеток знаев дека ќе се извлече бидејќи е шампион“, изјави за шпанските медиуми сопругата на Рико, Алба Силва.
Според нејзиното сведочење, голманот на ПСЖ бил свесен кога пред него се појавиле членови од неговото семејство и со неколку гестови ги поздравил.
„Серхио сега комуницира. Не нарекува по име, одлично знае кои сме, му се врати сеќавањето“, додаде сопругата на фудбалерот.
Коњот на Рико се судрил со друг, побегнат коњ. Голманот и неговиот коњ паднале на земја, а Рико бил удрен со копито во главата од едно од животните.
Серхио Рико при падот ги скршил прешлените на вратот и доживеал мозочен удар. Итната помош брзо пристигнала и со хеликоптер го префрлиле повредениот голман во болница во Севилја каде ги минува последните три недели.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Фаворитите минаа според планот во 13.коло од Првата фудбалска лига. Вардар го задржа врвот...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Бледи Шкемби
Струга Трим Лум оваа сезона повторно наликува на шампионски тим и се бори за...
Автор makfudbal
Евро-фудбал
Пауновиќ: Не сум задоволен само од резултатот
Млади репрезентации
Станиќ: Наивни сме, мора да ги прележиме „детските болести“
Евро-фудбал
Челси сака да го купи Родриго
Млади репрезентации
Македонија У19 минимално поразена од Белгија
Евро-фудбал
Жоао Кансело сака да се врати во Европа













