Connect with us

Кевин де Бруин го пропушта стартот на новата сезона во Премиер – лигата

Играчот од средниот ред на Манчестер Сити, Кевин де Бруин, ќе го пропушти стартот на претстојната сезона во Премиер – лигата. Се испостави дека повредата на Белгиецот е посериозна. Играчот од средниот ред има скината тетива на мускулот.


Де Бруин ја заработи повредата за време на финалето на Лигата на шампионите, а потоа откри дека всушност играл со повреда некое време во предизвикот за тројната круна на „граѓаните“.

Манчестер Јунајтед ја оствари целта и минатата сезона триумфираше во Премиер – лигата, ФА Купот и во Лигата на шампионите.


Кевин де Бруин најверојатно ќе пропушти најмалку два натпревари на Манчестер Сити во новата сезона 2023/2024. Станува збор за натпреварите против Арсенал за „Комјунити Шилд“, како и првото коло од англискиот шампионат. Ждрепката одреди „граѓаните“ таму да се сретнат со Барнли.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови