
Младинскиот репрезентативец на Македонија и член на Работнички, Фета Фетаи, кариерата ќе ја продолжи во Хрватска, во тимот на Локомотива Загреб, објави македонскиот прволигаш на официјалниот сајт.
Двата клуба ги договорија деталите околу трансферот, а фудбалерот во наредните денови ќе ги мине лекарските прегледи, по што ќе следи и официјална промоција во хрватскиот прволигаш.
„Со задоволство можеме да потврдиме дека Работнички продолжува во духот на она што е негова главна клупска карактеристика, да промовира млади и талентирани фудбалери кои добиваат шанса за брз излез на интернационална сцена. 18 – годишниот играч за врска Фета Фетаи, кој минатата сезона доби шанса во сениорскиот тим на Работнички и блесна со целиот свој потенцијал, ќе ја продолжи кариерата во хрватскиот прволигаш Локомотива Загреб. Двата клуба ги договорија деталите околу трансферот, а фудбалерот ќе замине на лекарски прегледи, по што ќе следи и официјалната промоција“, изјави претседателот на клубот, Драган Поповски.
Минатата сезона Фета Фетаи одигра 13 натпревари во дресот на Работнички во првенството на Македонија или вкупно 433 минути. Интересно е дека поради физичкиот изглед и позицијата на која игра, Фета Фетаи го има прекарот „Лука Модриќ“. Сега добива шанса и да продолжи да се развива во првенството на Хрватска.
Фета Фетаи ја продолжува низата на млади и талентирани фудбалери, македонски репрезентативци, кои преку Работнички направија трансфер, Лука Станковски, Елиф Елмас, Давид Тошевски, Методи Максимов, Ѓоко Зајков, Столе Димитриевски, Даниел Аврамовски, Дарко Велковски…

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Силекс и Струга Трим Лум имаат „пет од пет“, но Арсими е најубавата приказна...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Басиру Компаоре (Струга ТЛ)
Струга ТЛ игра одлично на стартот на сезоната, а вистинска машина за голови е...
Автор makfudbal

Евро-фудбал
Арсенал е на прагот на историски рекорд во ЛШ
