Connect with us

Струга ТЛ одигра 2-2 против Балкани на првиот тест

Македонскиот првак Струга Трим Лум со реми (2-2) против косовскиот тим Балкани ја стартуваше серијата пријателски натпревари во пресрет на настапот во квалификациите за Лигата на шампионите.

Тимот на Шпетим Дуро на овој меч губеше со 0-2 со брзи два гола, но потоа и брзо успеа да израмни, со головите на Буњамин Шабани во осмата минута и на Марјан Радески во 14.минута.

Стружани во наредните денови ќе одиграат пријателски натпревари со Тирана и со Партизани, а првиот меч против Жалгирис е закажан за 11.јули во Вилнус.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови