Connect with us

Гостивар се засили со Михаил Маневски

Новиот прволигаш Гостивар продолжува со ангажман на нови засилувања за настапот во елитата. Најново име меѓу гостиварци е левиот бек Михаил Маневски. Тој доаѓа од Силекс, претходно беше член на Брегалница, Шкендија и на Академија Пандев.

Маневски треба да биде големо засилување на левата бековска позиција за составот на Гостивар.

Договорено е и доаѓањето на Фајтон Јусуфи, офанзивниот играч за врска, кој доаѓа од Струга Трим Лум. Тој допрва треба да биде официјално претставен.

Advertisement
Advertisement
Advertisement

Facebook

Тимови