Македонскиот прволигаш Работнички продолжува со реконструкција на играчкиот кадар за следната сезона. Ново засилување е Мевљан Мурати, дефанзивецот кој доаѓа од редовите на Шкендија.
Тој потпиша двегодишен договор со Работнички и треба да ја засили конкуренцијата во одбраната на тимот.
Мевљан Мурати е поранешен младински репрезентативец, член на „златната генерација“ на Македонија која во 2017 година учествуваше на Европското првенство за фудбалери до 21 година во Полска.
29-годишниот фудбалер игра на позицијата десен бек, но може да одговори адекватно и на левата странична позиција.
Мурати минатата сезона одигра 24 натпревари во дресот на Шкендија, од кои 18 првенствени и шест европски мечеви, со вкупна минутажа од 1825 минути.
-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Вардар во последен миг дојде до победа во дербито со Силекс, откако Роџерс Мато...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ТРЕНЕР на колото: Гоце Седлоски (Вардар)
Не е лесно да се победат две дерби во низа. Вардар ја победи Шкендија...
Автор makfudbal













