Македонскиот прволигаш Брегалница го ангажираше првото ново име за следната натпреварувачка сезона во Првата македонска фудбалска лига, голманот Мартин Давков.
По заминувањето на Давид Денковски, 24-годишниот Давков повторно се враќа во својата Брегалница од каде фудбалски потекнува.
Давков настапуваше за Брегалница до 2020 година, потоа две сезони мина во Кит Го Пехчево, за да минатата сезона биде дел од кавадаречки Тиквеш, од каде сега повторно се враќа меѓу „сините“.
Брегалница подготовките за новата сезона во Првата македонска фудбалска лига ги почнува на 26. јуни.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski