
Манчестер Јунајтед ќе направи првична понуда од 45 милиони фунти за голманот на Евертон, Џордан Пикфорд. Овој потег доаѓа поради информациите дека Давид Де Хеа е сѐ поблиску до заминување од клубот по истекот на неговиот договор на крајот на месецот. Двете страни преговараат за нов договор, но се вели дека Шпанецот не е подготвен да прифати толку сериозно намалување на платата како што сака клубот.
Де Хеа (32) моментно заработува 375.000 фунти неделно и понудата до него е повторно да потпише, но за 200.000 фунти неделна плата. Се шпекулира дека Де Хеа има понуда и од Саудиска Арабија. Дури и да остане уште една сезона, клубот од „Олд Трафорд“ веќе размислува за нов стартен голман.
На почетокот на годината Пикфорд потпиша нов четиригодишен договор со Евертон, но „карамелите“ имаат проблеми со финансискиот фер-плеј и се подготвени да го продадат англискиот репрезентативец за добра понуда.
29-годишниот Пикфорд играше на „Гудисон парк“ во изминатите шест сезони и сега е редовен стартер во националниот тим, за кого веќе има 53 настапи.
Со Манчестер Јунајтед се поврзуваше и голманот на Интер, Андре Онана, но приоритет во моментов е Англичанецот.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА СЕЗОНАТА ВО ПРВАТА ЛИГА
Шкендија ја освои шампионската титула во Првата лига, а излез во Европа и настап...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ НА СЕЗОНАТА: Бесарт Ибраими (Шкендија)
Тој е човек – титула. Каде игра Бесарт, тимот ја освојува шампионската круна. Така...
Автор makfudbal
