
Борусија Дортмунд започна преговори за играчот од средниот ред на Ајакс, Едсон Алварез. 25-годишниот фудбалер за врска е цел на клубот од „Сигнал Идуна Парк“ како замена за Џуд Белингем, кој замина во Реал Мадрид.
Борусија Дортмунд веќе стапила во контакт со претставниците на фудбалерот и почнале преговори за неговите лични услови.
Мексиканецот е заинтригиран од понудата на германскиот гигант и засега разговорите одат во позитивна насока. Дури откако ќе се договорат со играчот, раководните луѓе на Борусија Дортмунд ќе испратат официјална понуда до Ајакс.
За Алварез е заинтересиран и Вест Хем. Тој дојде во Ајакс во 2019 година од мексиканскиот клуб Америка за 15 милиони евра.

-
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
Арсими дојде во Тетово и ја сопре Шкендија, а Силекс и Струга ТЛ се...
Автор makfudbal
-
МАКФУДБАЛ ИГРАЧ на колото: Филип Алексовски (Башкими)
Башкими е веројатно најпријатното изненадување на стартот на сезоната во Првата лига. Новиот прволигаш...
Автор makfudbal

Прва лига
МАКФУДБАЛ ТИМ НА КОЛОТО ВО ПРВАТА ЛИГА
