Македонскиот прволигаш Шкупи го претстави Хамза Рамани како ново засилување. Младинскиот репрезентативец од Силекс пристигна на Чаир. Всушност, тој се враќа во клубот каде ја мина младинската школа.
„По поканата што ми ја упати првиот човек на клубот, не ни размислував многу дали ќе кажам „да“. Со Шкупи сакам да постигнам уште поголем успех во кариерата. ќе се обидам заедно со моите соиграчи да го дадеме најдоброто, прво во европските натпреварувања, а потоа и во домашното првенство“, изјави Рамани.
Хамза Рамани во последната сезона со Силекс забележа 26 настапи на кои постигна два гола, а еднаш беше и асистент. Тој во моментов е со младата селекција на Македонија до 21 година.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski