Македонскиот селектор Игор Ангеловски е оптимистички расположен во пресрет на утрешниот квалификациски натпревар против Израел во Бер Шева. Предводникот на националниот тим е свесен дека Македонија ја очекува повеќе од тежок натпревар со противник кој е решен максимално да атакува на трите бода, но верува во избраниците кои се подготвени за квалитетно издание во Израел.
Но, Ангеловски на прес-конференцијата во Бер Шева не го криеше и незадоволството од третманот на националниот тим во Израел.
„Сакам да им се заблагодарам на Израелците за “гостопримството”. Ни овозможија да ги видиме убавините на земјата со долго патување. Ги уверувам дека ќе им вратиме во иста мера“ – истакна Ангеловски, притоа осврнувајќи се на дуелот со Израел.
„Добро го познаваме Израел, игравме и пред две години, се надевам дека ќе пружиме добра игра и дека ќе извлечеме бодови. Израелците имаат неколку промени, ние можеби и со 90% ист состав, иако имаме повредени фудбалери, но лекарскиот тим прави максимални напори да бидат оспособени. Сепак, не се сомневам дека кој и да добие шанса комплетно ќе одговори на предизвикот“.
Ангеловски се соочува и со неочекувани проблеми околу составувањето на првиот тим. Неизвесен е настапот и на капитенот Горан Пандев…
„Имаме проблеми со повредени фудбалери поради што се уште се размислува околу почетниот состав за утрешниот натпревар. Аријан Адеми се опоравува и ќе одработи цел тренинг, но ме загрижува состојбата Горан Пандев кој две седмици има хематом на слабините и е тотално неизвесен, посебно како стартер, за утрешниот натпревар против Израелците“ – информираше македонскиот селектор на денешната прес-конференција во Бер Шева.
-
Ексклузивна колумна на Филип Лам: Хомогеноста на Шпанија против непредвидливите Германци
Осум селекции сѐ уште остануваат, но сите дваесет и четири нации придонесоа за успехот...
Автор makfudbal
-
(ИН)ДИРЕКТ: Време е за ново „правило“: Ако не минеш две кола во Европа, следните три години „не смееш“ да играш!
Македонските фудбалски туристи се прошетаа низ Европа, добро, низ споредните државички кои се далеку...
Автор Nikola Gjurovski